Новости

Театар

,,Разведи ме” – Претстава на Театар Провокација кој ќе гостува во Битола

Во Битола, во Центарот за култура, ќе се одржи претставата  „Разведи ме“, чиј наслов веќе ги заскокотка нашите очекувања кои растат како реакција на истиот. Претставата е на театарот Провокација кој ќе гостува во нашиот град на 28.04.2022 во 20:00 часот.

Од именуваниот театар, велат дека ова е претстава која на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот.

,,Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало. ” – пишува на фејсбук страницата на Центарот за култура Битола, а од таму продолжуваат: ,,Скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и истите дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).”

Инаку, улогите на брачните партнери на сцена ќе ги играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).

Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.

КАРТИТЕ СЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА ПО ЦЕНА ОД 250 ДЕНАРИ.

Евротип
SNBROKER
To Top