Новости

Театар

Репертоар на НУ Народен театар Битола за оваа седмица

Две претстави на Репертоар на НУ Народен театар Битола за оваа седмица:
15.10. 2010 со почеток во 20.00 .
ПОСЛЕДНАТА НОЌ
ИНГМАР ВИЛКВИСТ
ПОСЛЕДНАТА НОЌ

Превод: Ана Светозаров
Режија: Андреј Цветановски
Сцена: Сергеј Светозарев
Костими: Марта Дојчиновска
Музика: Димитар Андоновски
Дизајн на светло : Димче Сапсевски
Дизајн на тон : Александар Димовски
Инспициент: Мирко Лазаревски

ИГРААТ:
Соња Михајлова
Марјан Ѓорѓиевски

Оваа претстава е обид да покажеме што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на она што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е дуо драма сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите оние работи што семејството ги гради. Приказна која зборува за поинакво семејство, понижувано смејство кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет.
17.10.2020 со почеток во 20.00 ч.
Моно спектакл „СО ГЛАВА ВО ЅИД„
АВТОРСКИ ПРОЕКТ НА МАРЈАН ЃОРГИЕВСКИ
СО ГЛАВА ВО ЅИД
Не е само монодрама, не е само стендап комедија.
Тоа е директна средба со публиката, очи во очи.

GOLD
To Top