Новости

Театар

Се сеќавате ли на неговото големо име? – Еден од бардовите на македонскота театарска и филмска сцена, ќе славеше 70 години

Актерот Иљко Стефановски (1952-2011) бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и нему му припаѓаше театарот. 

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во Клубот на уметници (театарскто бифе) на Битолски театар.

На 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола се крена животната завеса на еден од бардовите на македонскота театарска и филмска сцена – Иљко Стефановски (1952-2011), во една од централните улици во Битола.

Оваа година, театарската неповторлива грамада Иљко Стефановски кој поседуваше нескојдневен и неверојатно раскошен актерски талент, ќе го славеше 70 роденден.

Од неговата рана младост, па сè до неговото физичко заминување од овој свет – Иљко Стефановски оствари неповторливи театарски улоги како првенец на Битолскиот народен театар преку кои остана трајно запишан во македонската културно-театарска меморија, како уметник кој знаеше, можеше и бескомпромисно ја владееше театарската сцена и кога беше во центарот на театарското дејство и како спореден лик, дури и кога навидум имаше мала улога, а тоа ретко се случуваше поради неговиот раскошен талент, тој умееше да ѝ даде акцент и да биде значајно забележан. Публиката никогаш не остана рамнодушна на театраските претстави: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Женидба“, ,,Веселите жени од Винздор“,„Црквичето четириесет маченици“, „Сонот на летната ноќ“, „Хамлет“, „Магбет“, „Бегалка“, „Натемаго на филозофскиот факултет“, „Вечерва Фалстаф“ и уште многу други.

Иљко Стефановски во 1976 година го заврши факултетот за Драмски уметности во Скопје во класата на еден од доајените на македонската театарска уметност, актерот Илија Џувалековски.

Потекнува од семејството кое учествуваше во формирањето на Битолскиот народен театар, негов татко беше познатиот актер Ацо Стефановски кого публиката го памети по неверојатната харизма и моќен глас, а неговиот стрико- актерот и режисер Димче Стефановски во 1944 година ја режираше и ја играше насловната улога во едночинката „Ѓоре Магарески“ по текст на Владо Малески, со која се означи подигнувањето на НУ „Битолски Народен Театар“ кој годинава на 14 ноември ќе го прослави 78 роденден.
Иљко Стефановски долги години беше селектор на фестивалот „Охридско лето“. Добитник е на државната награда „11 Октомври“ и на многу други во Македонија и регионот.
Оствари улоги во значајни филмски македонски проекти: „Пред дождот“, „Апусрдистан“, „Крчма на патот за Европа“, „Сенки“, беше дел од актерската екипа нас популарните тв-серии „Салон Хармони“ и „Погрешно време“, играше во серијалите од културно –образовната програма на МТВ.

Актерот Иљко Стефановски почина на 6 декември 2011 година. Битолчани, неговите колеги, пријателите, семејството постојано се потсетуваат на шеговитиот, темперамент и жив карактер на актерот кој живееше и твореше неповторливо.

Евротип
SNBROKER
To Top