Новости

Театар

„Сомнително лице” – нова премиерна претстава на Битолскиот театар

Ансамблот на НУ Народен театар – Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Сомнително лице” од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.

Светот на „Сомнително лице” на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерието, корупцијата и стравот се нешто сосема нормално, рече режисерот Дамјановски во пресрет на премиерната изведба закажана за 27 јули во Битола.

Главната улога во претставата ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски, а заедно со него на сцената на битолскиот театар ќе настапат и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.

СН Брокер
To Top