„Странци“ – Претстава која не смеете да ја пропуштите, вечерва на затворањето на Интернационалниот фестивал на монодрама

Вечерва е затворањето на Интернационалниот фестивал на монодрама каде ќе гостува Драмски театар со претставата ,,Странци”,која пред една недела прослави 50 изведби.
„Странци“ е работена по истоимениот италијански филм, а феноменалната актерска екипа составена од Ирена Ристиќ, Филип Трајковиќ, Предраг Павловски, Зоран Љутков,Сања Арсовска, Игор Ангелов ќе раскажат приказна неколку пријатели кои се собираат на вечера и решаваат дека цела ноќ сите ќе ги остават на масата „црните кутии“ на нивните животи – своите мобилни телефони – и ќе го споделат секој повик, порака и фотографија со сите присутни. На почеток велат дека немаат тајни. Се знаат предолго за да има што да сокријат. Но, тоа што нивните мобилни ќе го откријат за нив никој не го очекува. Тие се сепак странци.
Режисерката Нела Витошевиќ успеа одлично да го адаптира за театар „Странци“ (Perfetti Sconosciuti), италијанскиот филм кој собра голем број награди за најдобро сценарио на реномирани фестивали, меѓу кои и Трибека. Ова е претстава која вреди да се гледа не смеете да ја пропуштите.
