Новости

Театар

,,Стјуардеси” Нова урнебесна комедија на СОЛЗА И СМЕА! – Театарот по долга пауза, се враќа на сцена

По долга пауза, докажаниот бренд ,,Солза и смеа” се враќа на театарските штици.

Станува збор за урнебесна комедија која ќе се одржи на 15 и 16 ЈУНИ во Салата на Народен театар Битола со почеток во 20:00 часот.

,,Стјуардеси” од Марк Камолети е комедија на ситуации или водвиљ кој според некои истражувања се смета дека е влезен во гинис, како еден од најизведуваните текстови воопшто.

Дејството на приказната се одвива околу главниот лик кој смета дека ја открил формулата за совршен ЕРГЕНСКИ ЖИВОТ. Донжуанов на ,,Солза и смеа” е прилепчанец во Скопје и има три различни девојки, стјуардеси од различни авиокомпании, а бидејќи целото дејствие се случува кај нас, можете да претпоставите какво урнебесно шоу би настанало. Во целиот хаос, тој заедно со неговиот пријател и слугинката Џева, се обидуваат да се справат со ситуацијата, иако тоа е многу тешко…

Што ќе се случува понатаму, не ви откриваме, а наш совет е никако да не ја пропуштате претставата на битолскиот бренд кој секогаш е тука да не насмее до солзи.

Евротип
SNBROKER
To Top