Новости

Театар

Уметноста ја обновува животната сила! – Во Интимен театар одржани работилници за проектот „ТЕАТАР НА ЛИЧНОСТА”

Овај викенд, 19ти и 20ти ноември, во просториите на Интимен Театар Битола, се одржаа последните две театарски работилници од интердисциплинарниот проект „ТЕАТАР НА ЛИЧНОСТА, или театарот како алатка за подобрување на менталното здравје и зголемување на квалитетот на живот на социјално загрозените семејства и ранливите категории“.

Овај проект траеше од 15ти август, до 20ти ноември, и во него зедоа учество над дваесет деца од социјално загрозени семејства, како и триесет стари лица од „Приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ СОФИЈА Битола“. Работилниците ги водеа режисерката Софија Ристевска Петрушева, актерот Валентин Дамчевски и танчерот Борис Богдановски. Овие театарски и танцови работилници беа наменети за развивање на креативноста на децата од социјално загрозените семејства и старите лица, со што се влијаеше позитивно врз подобрувањето на нивното ментално здравје и подобрувањето на нивниот квалитет на живот.

Уметноста го развива чувството за припадност и работа во група, се развива идејата за светла и креативна иднина, се обновува животната сила, се стимулира фантазијата и се акумулира позитивен начин на размислување. И точно заради сево ова, овие театарски работилници во овие три месеци, го исполнија секојдневието на децата и старите лица, со многу радост и насмевки.

Во периодот од 15ти август до 20ти ноември, се одржаа десет театарски и седум танцови работилници, а проектот беше поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Евротип
SNBROKER
To Top