Новости

Театар

Утревечер, претставата „Демони“ повторно на репертоар

Претставата „Демони“ утревечер повторно ќе биде одиграна пред битолската публика која ќе има можност да ужива во една приказна што низ автентичен пристап зборува за домашното насилство, длабоките човечки односи, емотивноста, траумите, загубите, љубовта.

Инаку „Демони“ на Ларс Норен е во режија на Васил Христов, а актерите кои ќе не водат низ ова театарско емотивно доживување се во следниот состав: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.

Евротип
SNBROKER
To Top