Новости

Театар

„History of motherfuckers“ – нова премиера на битолскиот театар

Народниот театар Битола ја најави најновата премиера „History of motherfuckers“ од Ведрана Божиновиќ, работена според делото „Кориолан“ од Шекспир, а во режија на Андраш Урбан. Премиерата е на 17 и 18 јуни во 20 часот. Во претставата играат Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска-Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски.

-Ние сме екипа од 5 луѓе, поради пандемијата мораше да има помала екипа, идејата беше да биде опфатена и поголема екипа од театарот, но што е тука е, се надевам дека направивме претстава која ќе го задржи вниманието на публиката додека ја гледа и претстава за која понатаму ќе се зборува. Ова е 3 премиера во оваа пандемиска година, до крајот на идниот месец не очекува уште една премиера, исто така најавувам дека претставата „History of motherfuckers“ треба да гостува на Охридско лето, а пред тоа на Шекспир фестивалот во Србија, истакна на денешната прес-конференција директорот на НТБ, Иван Јерчиќ.

Андраш Урбан е по трет пат во Битола.

-Претставата се занимава не со македонската реалност туку со ралноста на Балканот, каде човекот како граѓанин го доживува искуството што ни го даде досегашната реалност. Кориолан е борба на автократско и демократско, осносно како ние ја доживуваме демократијата. Како и Кориолан така и драмата ретко се игра во театрите и не знам точно која е причината. Кориолан е војник без способности за дипломатија, а тоа ја руши демократската организираност и е тешко да се каже дали е позитивен или негативен лик. Тука е и приказната за преврливоста на луѓето, рече режисерот Урбан.

-Народот се одрекува од одговорноста бидејќи со помош на гласачкото ливче му ја предава на некој поединец. Барем на четири години. А истиот тој народ за себе говори дека е изманипулирана маса. Мнозинството е закон. А истото тоа мнозинство никако да изговори дека иако не се согласува со мислењето на другите е подготвено да загине само за тие да можат да не го кажат тоа, вели за претставата Урбан.

Како што велат, ги има од различни генерации, велат актерите.

Особени ми е мило што по една година и кусур сме во театар и конечно сум тргнат од социјалните мрежи и тоа што го мислам да го кажам на сцената, рече Никола Пројчевски, а Соња Михајловска рече дека и е мило што ќе игра заедно со најмладата актерка во театарот Грибовска и секако со Степановска- Јанкуловска која е веќе во полна зрелост, а истото задоволство од тоа што ќе игра во претставата го искажа и Грибовска.

Музиката е на Александар Димовски и Славчо Јовев, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, композитор Ирена Поповиќ Драговиќ, тон мајстор Николче Терзиевски и светло мајстор Горан Петровски.

СН Брокер
To Top