Новости

Театар

,,History of motherfuckers” претставата на НУ Народен театар Битола, вечерва гостува на Европски Регионален Фестивал во Темишвар, Романија

Претставата ,,History of motherfuckers” на НУ Народен театар Битола, вечерва гостува на Европски Регионален Фестивал во Темишвар, Романија со почеток во 19 часот.

Извонредната театарска реализација, во режија на српски режисер Андраш Урбан, е работена според „Кориолан“ на Шекспир и авторски текстови на Врдрана Божиновиќ.


За  „History of motherfuckers“ режисерот би рекол дека тоа е приказна за превртливоста на човечкото општество и лецемерието на секој чекор.

Композитор е Ирена Поповиќ Драговиќ, сценограф Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски. На сцената улогите ги толкуваат актерите во следниот состав: Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски.

Евротип
SNBROKER
To Top