Новости

Театар

,,My name is MEDEJA”, уште еден маестрален подвиг: Нова претстава на Н.У. Народен театар – Битола

,,My name is MEDEJA” е најновата премиера на Н.У. Народен театар – Битола. Претставата е во режија на Себастијан Хорват и е уште еден маестрален подвиг.

Што се однесува до Хорват, би напоменале дека станува збор за звучно режисерско име со грандиозно богата и фасцинантна биографија.
Добитник е на скоро сите значајни и најголеми награди во Словенија, а и пошироко. Истите заслужени аплаузи ги делат и драматургот Милан Рамшак Марковиќ и композиторот на претставата Драго Ивануша чии бројни успеси зборуваат за нивната уметничка виртуозност.

Како публика, верна на штиците што живот значат, очекуваме уште една претстава заслужна за восхит на која не се сомневаме, ќе брилира повторно актерската екипа од нашиот театар.

Премиерата на ,,My name is MEDEJA”е закажана за 28.09.2022г. на сцената на Н.У. Народен театар – Битола во 20 часот. Љубителите и вљубениците на театарот, можат да побрзаат да набават карти за уште едно ново доживување што единствено може да се почувствува на едно место, во театарот. А како што велат од таму, екипата што стои зад овој голем проект е бројна, како на сцената така и зад сцената.

Режисер: Себастијан Хорват
Автор и драматург: Милан Рамшак Марковиќ
Композитор: Драго Ивануша
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓоргиевски
Асистент на драматургија и режија: Брина Јенчек
Светло – мајстор: Игор Мицевски
Тон – мајстор: Александар Димовски
Играат:
Илина Чоревска
Огнен Дранговски
Катерина Аневска – Дранговска
Викторија Степановска – Јанкуловска
Јулијана Мирчевска – Мавровска
Иван Јерчиќ
Здравко Стојмиров
Соња Михајлова
Васко Мавровски
Сандра Грибовска – Илиевска
Анастазија Христовска
Никола Стефанов
Кристијан Танчевски

Инспицијент: Димитар Михајловски
Суфлер: Мирјана Христовска
Превод: Оливера Павловиќ
Превод на Германски и консултант: Симона Монавчева

Евротип
SNBROKER
To Top