Новости

Направи сам

Деталите како незбежен ,,аксесоар” за стилски уреден дом

Во однос на уредувањето на домот, секогаш имаме една т. н. универзална слика за тоа како го имаме замислено нашиот ентериер. Таа би го вклучувала мебелот, ѕидовите, трпезариската или клуб масичката и се она што всушност асоцира на самиот почеток на целосниот изглед.

Но, финишот или магичното стапче е во деталите. Токму тие му даваат душа на сето она што го имате замислено. Се разбира се зависи од вашиот стил, па доколку преферирате минимализам, не претерувајте со нив, но доколку сакате максималистички израз кој патем е тренд деновиве, внесете повеќе украси, детали, перници, принтови и шари. Сепак внимавајте да не ја преминете границата и сето тоа да премине во кич.

Обојте го домот со шарени перници, необични столни ламби и украси. А со оглед на сезонава што следи, дајте и простор на пролетта да блесне во вашиот дом.

Евротип
SNBROKER
To Top