Новости

Направи сам

Детали кои ќе ја разубават вашата градина и ќе ја претворат во вистинска бајка!

Градината е катче во кое навистина треба да уживате, сами или во друштво со најблиските и пријателите.

Освен вообичаените идеи, цвеќињата, нивната нега и одгледувањето, погледнете и инспирирајте се со неколку штосови кои ќе му дадат посебебност на вашето малечко „царство“.

Пробајте со бојадисување на камења

Потрудете се и бидете повеќе креативни со што ќе му дадете боја на просторот. Играјте со бои, шари и цртежи кои ќе ги изведите над камчиња, а потоа размислете околу нивната поставеност. Играјте со форми, одберете го точниот простор и секако мора да имате првична идеја. Интересно е што сега можете да користите и флуересцентни бои и неон светлина во која особено ќе уживате во вечерните часови.

Амбиентално светло

Сијаличките се фноменални за приквечерината и вечерта, па тие му даваат посебност на екстериерниот простор. Освен класичните варијанти на редење на сијаличките, погледнете што се можете да направите и друго.

Мурали на ѕидовите

Споменавме и претходно, муралите се веќе популарни во ентериерот, а вие можете да ја пробате оваа идеја и во надорешноста, вашиот двор, вашата градина.

Малеччки фонтани или емитација на базени

Комплетниот стилски изглед би го постигнале со креирањето на овие малечки т.н. базени кои ќе ја освежат целокупната креација.

Евротип
SNBROKER
To Top