Новости

Направи сам

Есенска инспирација за уредување на домот

Секое годишно време има свои предизвици во однос на трендовите и боите кои го одбележуваат. Ентериерот секоја година се менува, па некогаш стремиме кон минимализам, а некогаш кон максималистички пристап со се повеќе детали.

Но, овој пат не зборуваме за таквиот пристап, туку би им дале примат на боите, дизајнот и материјалот кој сметаме дека ќе ве инспирираат за оваа есен.

Дрвото како материјал од кој е изработен поголемиот дел од внатрешноста на домот е се повеќе актуелно,  а што се однесува до боите, се претпочитаат темните тонови како црна,  сива,  кафена.  Бои кои совршено би прилегале на овој материјал. Сепак, доколку сакате да го освежите просторот, внесете ведрина со портокалова, бела или зелена.

Исто така може да играте и со деталите, светлината, како и зелените растенија кои остануваат во тренд. Погледнете фотографии и инспирирајте се за нешто ново.

Евротип
SNBROKER
To Top