Новости

Направи сам

Идеи за канцелариски бои кои ќе создадат подобра работна атмосфера

Колку и да сте скептични и со недоверба да гледате на овие работи, постојат бои кои можат многу да влијаат на работната атмосфера во канцелариите.

Белата не е добра за продуктивност, иако е симбол на професионалност во деловниот свет, ова не е боја што ќе ве стимулира, ќе ви ги збуни мислите и брзо ќе ви го уништи нивото на концентрација.

Црвената боја влијае на аналитичкото размислување. Црвената боја ги поттикнува луѓето да дејствуваат побрзо и поенергично, но оваа енергија е многу краткотрајна и на тој начин ќе се намали аналитичкото размислување.

Во продолжение погледнете кои се четирите бои кои се совршени за канцелрискиот простор и просторот каде работите.

 

Портокаловата е поврзана со квалитетот. Компаниите често ја посочуваат вредноста на нивните производи со портокаловата боја на канцеларијата, која исто така ја одржува будноста и го зголемува нивото на концентрација.

Сината е бојата на деловниот свет. Сината боја потсетува на небото и морето, ги смирува и релаксира луѓето, па затоа е многу популарна во дизајнот и уметноста.

Зелената ја поттикнува креативноста. Ако сакате да размислувате појасно и покреативно, потрудете се и обојте ја вашата канцеларија во зелена боја.

Жолтата е најмалку користена. Жолтата боја досега беше најмалку користена бидејќи се верува дека предизвикува страв, вознемиреност, гадење и главоболки. Сепак, со избирање на вистинската нијанса на оваа боја, можете да го направите вашиот простор попозитивен, побезбеден и попријател.

Евротип
SNBROKER
To Top