Новости

Направи сам

Трик со кој вашите цвеќиња ќе растат побрзо

Обично водата во која готвиме храната завршува во одводот. Но, дали знаевте дека водата во која се варат јајцата може да се користи во домот?

Природно ѓубриво за растенија

За време на готвењето, од лушпата од јајцето се ослободуваат минерали кои можат да бидат корисни за вашите растенија. Посебно се издвојува калциумот – лушпата од јајцето содржи околу 380 мг од овој минерал по грам, а со готвењето нешто од него се ослободува.

Калциумот е исто така важна хранлива материја за растенијата – за нивниот раст, ја зголемува отпорноста на болести, ја зајакнува клеточната мембрана, ги активира ензимите… Иако недостатокот на калциум е редок во природата, тој не е целосно исклучен.

Симптоми на недостаток може да бидат исушени врвови на листовите, пожолтување на листовите (но може да биде знак и за недостаток на други хранливи материи) или бавен раст и разни деформации.

Калциумот, исто така, помага во одржување на неутрална PH вредност на почвата, обезбедувајќи идеална средина за апсорпција на сите хранливи материи што им се потребни на растенијата.

Исто така треба да знаете…

Почвата во саксијата веќе има PH вредност блиску до неутрална, и ако вашите растенија се купени во саксија или неодамна трансплантирани, голема е веројатноста дека нивната pH средина веќе е соодветна.

Се разбира, водата во која се вареле јајцата не е погодна само за домашни растенија. Ако имате градина, искористете ја и таму.

Во спротивно, можете да ја проверите киселоста на почвата со специјални pH тестери. И ако откриете дека почвата е сува, не заборавајте на овој трик следниот пат кога ќе готвите јајца. Зачувајте го и полевајте ги растенијата со него околу еднаш неделно.

Извор: Active Si

Евротип
SNBROKER
To Top