Новости

Спорт

Го платија 150 милиони евра во 2017, а 350 денови отсуствувал поради повреди.

По продажбата на Нејмар, како големо засилување беше доведен Осман Дембеле во Барселона од редовите на Борусија Дортмунд. Дембеле требаше да биди новиот Нејмар кој како тинејџер блескаше во редовите на Борусија Дортмунд, но по доаѓањето на Камп Ноу младиот французин го “фати” лош период со многу повреди (поточно 10 изминатата година) и суспензии поради лошо однесување. Најново, Дембеле кој има пропуштено 350 денови, имаше почнато со тренинзи и новиот тренер Сетиен кој има проблеми со нападот едвај го чекаше неговото враќање поради кое и не се засилија во зимскиот преоден рок. Но, се појави нова повреда од тренинзите на Дембеле која ќе го оддалечи уште најмалку 15 денови од терените.
Дембеле има вкупно 74 настапи на кои има забележано учинок од 19 голови и 17 асистенции, а прашањето е дали ги оправдал парите на шпанскиот гигант?

GOLD
To Top