Новости

Спорт

Клубовите од Премиерлигата официјално го вратија назад крајниот рок на летниот трансфер период

Мнозинството клубови изгласа враќање на стариот период за трансфери во летниот преоден рок за Премиер лигата. Ова се случи поради големото незадоволство од минатогодишниот летен трансфер период каде премиерлигашките клубови имаа дозвола за купување играчи до почетокот на новата сезона, односно до 8-ми Август. Тоа резултираше со големи заминувања од клубовите надвор од премиер лигата во останатите лиги каде трансфер периодот сеуште беше активен, а премиерлигашките екипи остануваа со минус играчи или дупка во своите редови која не можеа да ја надополнат се до зимскиот преоден рок.
Од денес, официјално, се враќа стариот модел каде премиерлигашите ќе можат повторно да купуваат овој летен трансфер период 2020 година до 1-ви септември, да би парирале со останатите лиги од Европа.


GOLD
To Top