Новости

Спорт

Лига Шампиони се врати, топ натпревари во осминафинале и нова топка за нокаут фаза.

Денес започнува нокаут фазата од Лигата на Шампионите, на дневниот распоред од 21 часот започнуваат натпреварите Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ.
На првиот натпревар во Шпанија ќе има многу тактизирање и дуел на два страствени тренери, каде емоцијата ќе преовладува во и надвор од теренот. Вистински предизвик за одбраната на Атлетико Мадрид против актуелниот европски шампион Ливерпул кој има скоро совршена сезона.
Додека во Германија гостува ПСЖ екипата која последните 3 сезони по ред ја завршува сезоната во ЛШ во осминафиналето. Овој пат Тухел за противник ја има својата бивша екипа Борусија Дортмунд каде и денес имаат тешко гостување против расположените Санчо и Халанд. Со оглед на формата на двете екипи се очекуваат голови.

Новитетот за оваа нокаут фаза денес го објавија од Адидас. Пролетниот дел од ЛШ најдобрите 16 ќе го играат со нова топка и нов дизајн. Вистинска “убавица”.

GOLD
To Top