Новости

Кошарка

Подмладената репрезентација на Македонија вечерва по нов поход кон ЕП 2021.

Македонската кошаркарска репрезентација заврши како прва во претквалификацискиот циклус и со тоа обезбеди пласман на квалификациите за ЕП 2021. Во тешка конкуренција и група со квалитетни репрезентации како Италија, Русија и Естонија денес Македонија го започнува походот по ново европско првенство.
На прес конференцијата тренерот Александар Тодоров зборуваше за ситните проблеми со кои се соочува неговиот тим, некои ситни повреди и настинки, но истовремено најавија како подмладениот состав ветува добри партии и како со голема самоувереност и надеж влегуваат во квалификацискиот циклус.
Прва пречка ќе биде репрезентацијата на Естонија која е голема надеж за нашите момци и веројатно најголемата битка за пласман ќе ја водат овие репрезентации. Со оглед на тоа што Италија е веќе пласирана на континенталниот собир бидејќи влегува како земја домаќин, а со Русија ќе биде тешко да се надигруваме поради нивниот квалитет, Естонија е нашата најголема шанса за пласман.
Во квалификацискиот циклус во 2017 за Светското првенство 2019 овие две репрезентации имаа двомеч каде во двата наврати и дома и гости Македонија претрпи пораз и не обезбеди пласман за Мундобаскет. Но, интересен факт е тоа што најголемиот успех на македонската кошарка во 2008-ма година исто започна со квалификациски победи над Естонија, за потоа на ЕП 2009 да се оствари историскиот настап кој сите добро го паметиме, па се надеваме и дека ова ќе биде еден таков почеток.
Вечерва со почеток од 20:15 часот Македонија – Естонија.

GOLD
To Top