Новости

Останати

Потврдено: Олимпијадата 2020 одложена за наредната година 2021

Откако најпрво беа одложени сите големи настани како Европското првенство и Копа Америка од оваа година, поместени домашните првенства, покрената беше иницијатива за откажување на Олимписките игри. Првично властите од Јапонија беа убедени дека може најголемиот интернационален спортски настан да се одржи, по што следуваше стравување кај дел од земјите учесници и некои од нив веќе го откажуваа своето учество на ОИ 2020. По ова, во изминатите денови беше изречено дека ОИ 2020 нема да се одиграат на предвидениот датум кои требаше да се одржат од 9-ти Јули до 24-ти Август ова лето, за што денес беше донесена и конечна одлука по состанокот на јапонските власти и Интернационалниот Олимписки Комитет, која ја потврди јапонскиот премиер Шинзо Абе:
– “Предлогот беше доставен на конференциска маса за поместување на ОИ 2020, откажување не беше опција, само одложување за наредната година и тоа не за датум покасно од лето 2021, што беше целосно прифатено.”
По ова се огласија и од официјалниот сајт на ОИ 2020:

Воедно, со оваа одлука следбено одложени се за наредната година и Параолимписките игри кои беа закажани во термин од 25-ти Август до 9-ти Септември.

GOLD
To Top