Новости

Останати

Тенис – Јас ти велам збогум!

Една од најдобрите тенисерки, Марија Шарапова најави крај на својата кариера. Во емотивно интервју за Вог 32 годишната русинка зборуваше за тоа колку многу и значи тенисот, на што се ја научи, но истовремено и се збогува со активното играње и професионалната кариера. Шарапова заминува во пензија освојувајќи ги сите Грен Слем турнири. Трофејот на Роланд Гарос го креваше два пати, а Вимблдон, Австралија Опен и УС Опен ги освои по еднаш. Во 2015 беше позитивна на допинг тест со што заработи 15 месеци суспензија, а по враќањето повредите и го најавија залезот на кариерата.

GOLD
To Top