Новости

Кошарка

Треи Јанг со перформанс на вечерта во НБА!

Плејмејкерот на Атланта екплодира изминатата ноќ во натпреварот со најмногу поени од синоќешната НБА понуда. Натпреварот заврши со вкупни 153 поени и резултат 129:124 во полза на Аланта над Мајами. Јанг постигна неверојатни 50 поени за кои запиша 8 тројки и реализира 18 од 19 удари од линијата за слободни, а на овие бројки додаде и уште 8 асистенции, додека 20 поени од вкупните 50 ги постигна во последната четвртина. Ова не е само најдобар перформанс на вечерта туку и најдобар учинок за поени во кариерата за младиот Јанг.
Од останатите натпревари ги издвојуваме сигурната победа на Милвоки кај Детроит со 106:126 на крилјата на нивните ѕвезди Антетокумпо (33 поени), Мидлтон (28 поени), Бледсо (19 поени) и Лопез (18 поени);
Филаделфија забележа победа над Бруклин после продолженија, а најголеми заслуги зеде центарот Ембид со 39 поени;
Шарлот победи во тврд натпревар кај Чикаго со 93:103;
Харисон Барнс со 32 поени беше најзаслуже во победата на Сакременто против Мемфис;
и најубедливата победа на вечерта му припадна на тимот на Хјустон на гостувањето кај Голден Стејт со 105:135.

GOLD
To Top