Новости

Спорт

ФИФА најави промени во преодниот рок на фудбалери

Поместувањето на сезоната и на календарот за следните големи фудбалски приредби, предизвика и нови граници на летниот преоден рок. Правниот директор на ФИФА, Емилио Гарсија Силверо откри неколку интересни работи за датумот на пресврт за многу договори – 1 јули, како и претстојниот трансфер период. „ФИФА не може да ги продолжи договорите над 30 јуни, но трансфер периодите нема да бидат исти и играчите нема да можат да заминат. Трансфер пазарот нема да се отвори на 1 јули. Ако изнајмувањето заврши на 30 јуни, играчот мора, во теорија, да се врати во клубот што го поседува. Сепак, влезниот трансфер период нема да биде отворен и тој не може да биде регистриран. Може да има неколку прозорци. Сè зависи од почетокот и крајот на секое првенство. Идејата е дека прозорците завршуваат пред почетокот на секое ново првенство“, објасни Силверо. Според овие најави уште поголема е веројатноста за замени, трампи и позајмици во свет на спортска рецесија.

GOLD
To Top