Новости

Останати

Австралија Опен ќе се игра со ограничен број гледачи

Извршниот директор на австралиската тениска федерација Крег Тили зборуваше за подготовките за Австралија опен во 2021 година.
„Планираме да започнеме со подготовки кон средината на декември. Во овој момент, на турнирот ќе дојдат сите играчи, кои ќе треба да бидат во карантин две недели во различни градови на Австралија. Во текот на овие две недели ќе создадеме „меур“ во кој тие ќе можат да се преселат од хотелот до тренинг теренот на Австралија опен. Што се однесува до трибините, на нив ќе може да присуствуваат од 25 до 50 проценти од капацитетот на самите трибини. Се надеваме дека ќе успееме да ги испочитуваме сите протоколи затоа што здравјето и безбедноста на сите ни е на прво место. Сè надеваме дека ќе имаме одличен почеток на новата тениска сезона“, изјави Тили.
Во моментов, планот е Австралија опен да се одржи од 18 до 31 јануари 2021 година. Актуелни шампиони на ова натпреварување се Новак Ѓoковиќ во машка и Американката Софија Кенин во женска конкуренција.

GOLD
To Top