Новости

Спорт

Ангеловски: Чекаме триесет години за Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација влезе во тренингт процес за мечот со Косово во баражот за пласман на Европското првенство преку Лигата на нации. Селекторот, Игор Ангеловски, денеска работеше само со дел од репрезентативците бидејќи другите ги чекаат резултатите од задолжителното тестирање за ковид-19.
„Ме радува што сите кои се повикани се здрави и подготвени за предизвикот кој не очекува. За жал нема да биде со нас Елиф Елмас. Македонија 30 години чека настап на Европско првенство и посакуваме да дојдеме до таа историја“, вели Ангеловски.
„Доаѓањето на Пандев, под сите тие околности, покажува колку му значи овој натпревар. Доаѓањето во Скопје покажува дека ништо не може да го спречи. Им благодарам и на сите кои помогнаа да биде тука со нас“, истакна Ангеловски.

GOLD
To Top