Новости

Спорт

Арсенал испратил понуда за Енис Барди

Енис Барди е на списокот на желби кај Арсенал. Откако вчера уште еднаш Енис Барди беше стрелец на гол за Леванте при победата од 4-2 против Бетис, беше објавена информацијата за заинтересираноста на Арсенал.
За нашиот фудбалер пристигнала понуда од Арсенал и информација дека овој Премиерлигаш сака да го види 24-годишниот играч за врска во своите редови. Неговата моментална форма во завршницата од тековната сезона сигурно може да помогне во реализацијата на овој евентуален трансфер.
Барди дојде во Шпанија од екипата на Ујпешт од Унгарија за само 1,5 милиони евра, а досега целосно ги оправда очекувањата со своите настапи и 16 постигнати гола за овие три сезони во дресот на Леванте. Исто така во информацијата се вели дека Фиорентина и еден тим од Бундеслигата се заинтересирани за Енис Барди.

GOLD
To Top