Новости

Спорт

Влезе во историјата, па си замина дома со – такси?!

Младиот 17-годишен фудбалер на Барселона, Педри, само 20 минути по дебито во Лигата на шампионите за каталонскиот клуб влезе во историјата на клубот и натпреварувањето.
Со својот прв погодок за Барса во победата над Ференцварош, тој се приклучи на својот врсник и соиграч Ансу Фати. Барселона така стана првиот клуб кој во Лигата на шампионите на еден натпревар имал два стрелци кои имале по 17 години.
Меѓутоа, на тој историски подвиг на Педро шоуто му го украде неговото заминување од стадионот.
Педри имено е истовремено зрел веднаш по влегување во игра да постигне гол, но истовремено е толку млад што не можеше да го напушти Камп Ноу зад воланот на автомобил.
Педро мораше до својот дом да земе такси, а снимката како го напушти Камп Ноу стана вирална.
За 35 дена, ќе може и тој како и неговите соиграчи, да си замине од стадионот во луксузен автомобил.
„Засега, Барселона во подобра иднина ја вози со такси.“ – пишува Марка за детето за кое Барселона пред два месеци на Лас Палмас му плати 5 милиони евра.

GOLD
To Top