Новости

Кошарка

Евролигата го врати првичниот протокол

Сите натпревари од Евролигата и Еврокупот кои беа одложени поради корона вирусот, сепак ќе бидат одиграни, соопштија од „ЕКА“.
Тоа значи дека менаџментот на Евролигата се врати на првичниот протокол донесен пред почетокот на сезоната, но во меѓувреме, не се придржуваше според истиот, а поради промените во пропозициите за време на натпреварувањето, беа оштетени неколку клубови.
Сега се променети прописите кои ретроактивно ќе се однесуваат на седум натпревари кои досега не беа одиграни поради позитивни случаи на коронавирус. Како се наведува во соопштението, ако екипата нема осуммина играчи на располагање за одигрување на натпреварот, или ако тимот се наоѓа во карантин, натпреварот може да се одложи максимално трипати, под услов да постојат термини за нивно одигрување.
Во случај да нема слободни термини, и ако натпреварот претходно трипати бил одложуван, клубот поради кои првобитно бил одложен, ќе го загуби натпреварот со службен резултат.
Поставени се и крајните рокови до кога мечевите може да бидат одложени:
-13 април 2021, за мечевите од регуларниот дел на Евролигата
-5 мај 2021, за мечевите од плеј-офот на Евролигата
-22 декември2020, за мечевите од регуларниот дел во Еврокупот
-23 февруари 2021, за мечевите од плеј-офот во Еврокупот

Овие изменети прописи сега се однесуваат за четири натпревари од Евролигата:
Асвел – Панатинаикос
Асвел – Црвена Ѕвезда
Басконија – Зенит
Валенсија – Зенит

Кога станува збор за Еврокупот тоа се средбите:
Цедевита Олимпија – Бурсаспор
Венеција – Бург
Бург – Уникс

GOLD
To Top