Новости

Ракомет

Европскиот првак од 1 јуни добива додавка на името

Двократниот европски шампион РК Вардар од 1 јуни почнува нова ера, со менувањето на сопственичката структура, по заминувањето на Сергеј Самсоненко и враќање на клубот кај поранешниот претседател Михајло Михајловски.
Покрај новиот почеток, клубот очигледно ќе има и ново име, односно ќе биде регистриран како „Вардар 1961“ за целосно нов старт.
Бидејќи домашното првенство беше откажано, а ЕХФ реши без борба да ги исфрли „црвено-црните“ од Лигата на шампионите, организирајќи директно Фајнал фор на крајот на годината, сите планови на Вардар се однесуваат на следната сезона, за која се најавени и засилувања по низата заминувања од клубот.

GOLD
To Top