Новости

Спорт

Елмас бара поголема минутажа во Наполи, инаку е можно негово заминување од клубот

Медиумите во Италија откриваат дека македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, побарал гаранции од Наполи дека во следната сезона ќе има поголема минутажа во првиот тим. Во спротивно, тој ќе ги разгледа опциите за напуштање на клубот и ќе побара трансфер.

Како клубови кои внимателно ја следат ситуацијата со Елмас се Фиорентина и Валенсија кои би сакале да го видат во своите редови.

Останува да се види реакцијата и одговорот од тренерот на Наполи Спалети и челниците на клубот.

Евротип
SNBROKER
To Top