Новости

Спорт

Ериксен објави фотографија од болница

29-годишниот Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот помеѓу Данска и Финска во Копенхаген во саботата, на првиот натпревар од Б групата на Европското првенство.

Сам, без никој околу себе, данскиот репрезентативец падна на тревата, по што следеа драматични сцени на негова реанимација. Тој е во подобра состојба и се опоравува во болница, а сега преку Инстаграм тоа го потврди со фотографија на која со палецот нагоре и пораки за благодарност за сите кои се грижат, изрази поддршка на соиграчите.

„Поздрав на сите. Големо благодарам на драгите и неверојатни пораки и гестови на поддршка од целиот свет. На мене и мојата фамилија тие ни значат многу. Добро сум – со оглед на околностите. Се уште морам да пројдам низ некои прегледи во болница, но се чувствувам добро. Ќе навивам за своите соиграчи на следните натпревари на Данска. Играјте за цела Данска. Поздрав, Кристијан.“ – напиша тој на Инстаграм.

СН Брокер
To Top