Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер пресилен за Металург на струшкиот турнир

Дерби натпреварот во групата Б на турнирот во Струга му припадна на тимот на Еурофарм Пелистер, која минимално го совлада Металург, со резултат 24-22 (15-12).
Вистинска штета е што овие две екипи се сретнаа веќе во првото коло, бидејќи за двете ова беше прв натпревар по повеќе од пет месеци. Раната фаза на подготовките, која досега воглавно се однесуваше на стекнувањето на потребната кондиција, како и очигледната невоиграност, резултираа со игра со многу грешки и избрзани потези. Металург направи повеќе технички грешки, дури 17, и имаше и повеќе исклучувања, па сето тоа доведе до минимален пораз од два голови разлика.
Најдобар кај Еурофарм Пелистер беше Кушан со пет гола, а Маџовски, Мандалиниќ, Стјепановиќ и Костески постигнаа по три. Кај Металург, Канкараш, Серафимов и Потиќ впишаа по четири гола. Кога се говори за голманите, Чаневски и Трајковски собраа по три одбрани, додека Дупјачанец одбрани седум топки.

Евротип
SNBROKER
To Top