Новости

Спорт

Зимскиот трансфер период во македонскиот фудбал од 15. јануари

Од 15. јануари 2021. година, започнува зимскиот преоден рок за фудбалери во македонските лиги, а истиот ќе трае до 11. февруари, информираше Фудбалската Федерација на Македонија.
„Ги информираме клубовите своите барања за сертификати за професионални и аматерски фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14 часот на 11 февруари, 2021 година за да има доволно време за обработка на барањата. За евентуални проблеми и помош во врска целиот процес, можете да се обратите по електронски пат на следните адреси на електронска пошта: Mario.gjurcinovski@ffm.com.mk и Nikolce.petrovski@ffm.com.mk“ – стои во соопштението на ФФМ.
Според ФФМ, сите барања кои ќе бидат доставени по 23.59 часот на 11. февруари, 2021 година ќе се сметаат за ненавремени и нема да може да се процесуираат.

Евротип
Евротип
To Top