Новости

Спорт

Знаете ли кога последен пат Баерн Минхен НЕ победил?

Фантастичниот Баерн Минхен новата сезона во Бундеслигата ја отвори со победа од 8:0 против Шалке 04.
Екипата на Ханси Флик се „поигруваше“ со инфериорниот Шалке, а славеше со хет-трикот на Гнабри и головите на Горецка, Милер, Левандовски, Сане и Мусиала.
Баерн со тоа ја запиша деветтата победа по ред против Шалке, а Роберт Левандовски стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал погодок во десет натпревари по ред против истиот противник.
Но, многу поимпресивна е вкупната низа на Баерн, која трае од 9. февруари. Имено, на тој датум Баерн одигра 0:0 против Лајпциг, по што германскиот и европски првак доби неверојатни 23 натпревари по ред во сите натпреварувања.
Последатната екипа која во службен натпревар го победи Баерн е Борусија Менхенгладбах, која славеше со 2:1 на 7. декември минатата година. Во меѓувреме, баварците беа поразени од Нирнберг во пријателски натпревар, но само откако Флик во второто полувреме стави во игра 11 јуниори.
Импресивен е резултатот на Ханси Флик. Во 37 официјални натпревари колку е на клупата на Баерн, Флик загуби само два, а на еден ремизираше. Под негово водство, Баерн има гол разлика 124:26 и просечно на натпревар постигнува по 3,4 погодоци.

GOLD
To Top