Новости

Спорт

Знаете ли колку заработи Меси во 2020. година?

Еминентниот Форбс проценува дека годишната заработка на Лионел Меси е 126 милиони долари.
Аргентинецот на 16 години дојде во Барселона и освои 34 трофеи, се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, што во кариерата му донесе заработка од милијарда долари пред даноци. Веднаш зад него е фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 117 милиони, а на третото и четвртото место се напаѓачите на ПСЖ, Нејмар со 96 милиони долари и Килијан Мбапе со 42 милиони.
Во однос на минатогодишната листа, првата тројка не ги менуваше местата.
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е петти со годишна заработка од 37 милиони долари, зад него е Пол Погба со 34 милиони, додека еден милион помалку заработил Антоан Гризман.
Герет Бејл го зазеде осмото место на листата на Форбс со годишна заработка од 29 милиони долари, зад него е Роберт Левандовски со 28, а листата од топ 10 ја заокружува Давид Де Геа со 27 милиони долари.

GOLD
To Top