Новости

Спорт

Италијанската влада го модифицира протоколот за натпревари од Серија А

Италијанската влада постигнa договор за модифицираниот медицински протокол со клубовите од Серија А. Владиниот научен комитет за борба со коронавирусот го одобри предложениот протокол од асоцијацијата на фудбалски лекари и асоцијацијата на фудбалери. Тимовите сега нема да стартуваат со превентивен тренинг во изолација од 15 дена, нешто што за неколку клубови од лигата беше невозможно да се организира. Ако фудбалер биде позитивен, ќе замине во карантин, додека другите ќе бидат тестирани, слично како што се изведува во Бундеслига.

GOLD
To Top