Новости

Останати

И МОК го награди Дејан Георгиевски со 10,000 евра за успехот во Токио

Македонскиот Олимписки Комитет соопшти дека македонскиот теквондист Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио ќе биде награден и од нивната институција.
Наградата е финансиска и еднократна, а ќе изнесува 10,000 евра од Олимпискиот комитет кој исто така му обезбеди и максимална стипендија во износ од 1,000 долари месечно за Дејан на следните Олимписки игри во Париз 2024.
Претходно, за успехот на Дејан парични награди потврдија и Владата и Агенцијата за Млади и Спорт.

 

СН Брокер
To Top