Новости

Ракомет

Ловро Јотиќ е нов член на Вардар

овро Јотиќ се чини ќе биде последното засилување на Вардар, хрватот доаѓа од Еурофарм Пелистер каде што настапуваше минатата сезона, а игра на позицијата среден бек.
Јотиќ беше најавуван како нов играч на Бенфика, но финансиската криза го направи своето, тој останува во Македонија и ќе игра за Вардар.
Една од работите која придонесе во финализирањето на овој трансфер е што Јотиќ и Алушовски имаа одлична соработка во Еурофарм Пелистер минатата година, добро се познаваат и тој со сигурност нема да има проблем да се вклопи во новиот Вардар.
За услугите на Јотиќ беше заинтересиран и Металург, но Вардар излезе како победник од битката за неговиот потпис.

GOLD
To Top