Новости

Ракомет

Македонија сепак има шанса за настап на СП во Египет?!

ИХФ ќе добие уште една вајлд карта за доделување, откако Мексико се откажа од организацијата на континенталното првенство.
Ова веднаш ги подгреа надежите дека можеби Македонија може до покана за Мундјалот во Египет, иако се чини дека тоа ќе биде многу тешко, скоро па и невозможно.
Ако не се одржи ова првенство, тогаш ИХФ веројатно ќе додели вајлд-карта на САД, шансата за Македонија постои доколку ЕХФ се реши да покани некоја од европските земји.
Останаа уште две слободни места за Мундијалот, за победниците на квалификациските турнири на Јужна и Централна Америка, односно Северна Америка и Карибите.

GOLD
To Top