Новости

Ракомет

Мојсовски ќе биде нов директор на АМС

Македонската ракометна легенда Наумче Мојсоски ќе биде нов директор на Агенцијата за млади и спорт. Сегашниот претседателот на РК Струга на местото директор ќе го наследи Дарко Каевски кој, пак, е избран за пратеник.
Мојсоски кој почна во РК Струга, имаше брилијантна ракометна кариера играјќи за Лехвија, македонските гиганти Металург, Вардар и Пелистер како и за Ла Риоха.
Популарниот „Ноне“ повеќе од една деценија беше дел од македонската селекција и имаше активно учество во најдобриот успех остварен на ЕП во Србија кога „црвено жолтите“ завршија на петтата позиција.

GOLD
To Top