Новости

Ракомет

Одложен стартот на ракометната лига

По серијата позитивни случаи на коронавирус во македонскиот ракомет, ракометната федерација на Македонија донесе одлука за одложување на стартот на сезоната.
Во пет суперлигашки клубови досега беа потврдени позитивни на тестирањата за коронавирусот, кој направи тотален хаос на стартот од новата сезона.
Откако беа суспендирани натпреварите во групата А од Суперлигата, извесно е дека тоа ќе се случи и во Б групата.
Новиот датум за почеток на Првата лига дополнително ќе биде одреден.
Засега останува да се играат само натпреварите од женската Суперлига, а се уште е неизвесно дали ќе продолжат натпреварите од 5. коло во групата Б од машката Суперлига, по појавата на коронавирус во редовите на Работнички.

GOLD
To Top