Новости

Кошарка

Патиките на Џордан продадени за 560 илјади долари!

Легендата на НБА кошарката и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан, имаше своја линија на Најк патики, а првите од нив беа продадени на аукција за неверојатни 560 илјади долари. Патиките „Ер Џордан“, кои кошаркарот ги носеше во својата прва сезона настапувајќи за Чикаго Булс, се очекуваше да достигнат цена од 100 до 150 илјади долари, но сумата достигна многу повеќе од очекуваното.
Претходно, рекордот беше 437.500 долари за пар Најк патики од 1972 година.
Интересно е дека Џордан носел два различни броеви на патики, па така левата е со големина 46, додека десната е со 47.

GOLD
To Top