Новости

Спорт

Пелистер и Беласица се враќаат во Првата лига

Попладнево заврши седницата на Управниот на ФФМ на која беа донесени неколку значајни одлуки поврзани со мак-фудбалот. Покрај останатите, најважно е што во следната сезона ПМФЛ ќе брои 12 екипи и ќе се игра по трикратен систем.
Нови прволигаши се екипите на Пелистер и Беласица, првопласираните на истокот и западот пред прекинот во двете конкуренции.
„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 да се натпреваруваат екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се на првото место на табелата од ВМФЛ-Исток и ВМФЛ-Запад“, се вели во соопштението на федерацијата.

GOLD
To Top