Новости

Останати

Поп Ацев пливаше во чест на Нико Нестор

Најдобриот македонски пливач, Евгениј Поп Ацев ја реализираше самоиницијативната идеја пливајќи во чест на пливачката легенда, Нико Нестор и добротворната организација која го носи неговото име. Поп Ацев пливаше во Свонси каде живее со сопругата и ќерката.
Делницата од 7.15 километри ја помина за 1 час и 37 минути.
„Пресреќен сум и сакам да објавам дека со завршување на пливачкиот предизвик се собрани над 750 фунти за доброотворната организација
Нико Нестор. Условите беа одлични и навистина уживав во пливањето на делницата. Сакам да изразам огромна благодарност до
сите кои ме поддржаа и помогнаа во остварувањето на оваа голема цел“, изјави Поп Ацев.
Добротворната организација „Нико Нестор“ финансиските средства ќе ги распредели на ранливите семејства да добијат можност за часови по пливање и обука за безбедност на вода.
Нико Нестор кој е роден стружанец е основоположник на македонската маротонско пливање.
Тој е првиот Македонец кој го преплива каналот Ла Манш.

GOLD
To Top