Новости

Кошарка

Првата кошаркарска лига ќе има четири испаѓања, лигата пак ќе брои десет клуба

Вчера КФСМ ги објави заклучоците кои беа донесени на седницата на управниот одбор кој се одржа пред пет дена. Во одлуките и дефинитивно се потврдува дека ТФТ и Струга ќе бидат новите прволигаши, додека од лигата ќе испаднат четири тима.

Сите одлуки на седницата:

Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на коронавирус, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на ковид-19 донесена од Владата со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се доигра и да не се прогласи шампион.

Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на коронавирус согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на ковид-19 донесена од Владата со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува натпреварувачката сезона 2019/20 од Втора лига мажи да не се доигра. Најдобро пласираните екипи од Исток и Запад, согласно моменталната ранг листа од Втора лига мажи од сезона 2019/20 да остварат влез во Прва лига мажи за сезона 2020/21.

GOLD
To Top