Новости

Останати

Сега и официјално, Шумахер е во Ф1

Она што долго се очекуваше, сега и официјално е потврдено. Мик Шумахер од наредната сезона ќе се натпреварува во Формула 1.
Синот на легендарниот Михаел Шумахер ќе вози за амерички Хас, кој претходно во текот на сезоната потврди дека нема да ја продолжи соработката со Кевин Магнусен и Роман Грожан.
Партнер и прв конкурент на Шумахер ќе биде Никита Мазепин.
Тандемот веќе добро се познава, сезонава имаа дуели во Формула 2, каде Мик на трка пред крајот на шампионатот има предност од 14 поени.

GOLD
To Top