Новости

Ракомет

Србинот Потиќ потпиша за Пролет

Никола Потиќ е нов член на македонскиот ракометен прволигаш
Тинекс Пролет.
Тој го раскина договорот со Металург, но одлучи да остане во
Македонија и да ја прифати понудата на Пролет.
Потиќ е искусен бек кој во својата кариера има настапувано во
Германија, Србија, Словенија, Хрватска и Шпанија, па неговото
знаење, квалитет дефинитивно ќе биде од помош за клубот кој сака да
избори место во Европа за наредната сезона.
Самиот Никола е оптимист и верува дека тоа ќе се случи.

„Конкуренцијата не е мала, тука се неколку екипи, но Тинекс Пролет
дефинитивно има квалитет за да излезе во ракометна Европа“, вели
десниот бек за официјалниот сајт на новиот клуб.

GOLD
To Top