Новости

Спорт

Талентираниот Тошевски пред трансфер во руски Ростов

Младиот фудбалер на Работнички, Давид Тошевски, е пред спектакуларен трансфер во Русија, во екипата на Ростов. Трансферот ќе биде вреден околу 900.000 евра, со што Тошевски ќе стане еден од најскапите македонски фудбалери во историјата.
Тошевски е 18-годишен напаѓач, кој повеќе од 10 години е член на младинската школа на „романтичарите“. Важи за еден од најталентираните напаѓачи во својата возраст во Македонија.
Ги мина сите национални селекции и на прагот на полнолетството доби и повик за настап во репрезентацијата до 21 година. Сезонава одигра 21 натпревар за Работнички во првенството, а постигна и пет голови.

GOLD
To Top