Новости

Ракомет

Тиквеш го изненади Еурофарм Пелистер 2 среде Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа првиот домашен пораз во Суперлигата и направија чекор назад во амбициите за место ГРК Тиквеш кон победи со 29-30 (16-19), откако водеше во текот на сите 60 минути.
Од почеток на натпреварот гостите влегоа максимално мотивирани за сезонава да дојдат до првите бодови. Кавадарчани почнаа сигурно во разигрувањето. Денес во „Боро Чурлевски“ на победа се радуваше и цврсто и после 4:4 брзо дојдоа до водство од 4-9. Кавадарчани успеаја да останат во позитива и на одмор да заминат со резултт од 16-19.
Велков на голот одлично го почна и вториот дел, кавадарчани одржуваа 3-4 разлика и во збркана игра на многу грешки, Еурофарм Пелистер 2 беше тимот кој повеќе правеше неизнудени грешки. Симиќ ја водеше својата екипа, а Велков бранеше што може и не може, па Јовиќ повика тајм-аут при 25-28 во 53. минута. Во последните десет минути Тиквеш влезе со пет гола предност, но тогаш почна враќањето во средбата на домашните кои преку Стефан Талевски и Дарио Петровски израмнија на 29-29.
Страхиња Симиќ биеше за предност од 30-29, а овој гол беше на крајот доволен за победа бидејќи составот на Еурофарм Пелистер 2 во последниот напад не успеа да искористи шанса за да дојде до реми, па кавадарчани на крајот се радуваа на првите три бода сезонава. Во екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Јован Талевски со седум гола, а кај кавадарчани се истакнаа Симиќ со шест и Јанев со осум погодоци. Веќе в петок во петтото коло младиот битолски тим има директен дуел за место во плеј-офот против Бутел во Скопје.

GOLD
To Top